Грција месецов очекува договор со кредиторите

Атина, 8. март 2017 (ИНПРЕС) – И покрај разликите со меѓународните кредитори, властите во Атина очекуваат тие да бидат надминати, а техничкиот договор да биде донесен најдоцна до 20 март, се наведува во сопштението на АНА-МПА.

Грција сега прави обид да постигне договор за исплата на нова транша од помошта, без притоа да мора да спроведува дополнителни мерки на штедење.

Во тек се преговорите за мерките што треба да ги преземе Владата, како и за прашања поврзани со реформи на пазарот на трудот. Ова следи по решавањето на проблемот со фискалниот дел. Меѓународниот монетарен фонд дал гаранции дека нема да се појави „дупка“ во грчкиот буџет за 2018 година.

Меѓународните кредитори од 2010 година, па досега, на Грција и одборија три пакети помош. Последниот пакет, одобрен во јули 2015 година, предвидува на Грција да и бидат исплатени позајмици во износ од 86 милијарди евра. Од оваа сума досега на Атина и се префрлени 31,7 милијарди евра. (Крај)

извор: МИА  фото: архива