donald tusk

Ќе остане ли Доналд Туск на кормилото на Европскиот совет?

Лондон, 8. март 2017 (ИНПРЕС) – Европските лидери на утрешниот Самит на ЕУ ќе избираат нов претседател на Европскиот совет или пак ќе одлучат да му го продолжат мандатот на досегашниот, Доналд Туск.

Според наводите во лондонските медиуми, тој ја ужива поддршката на сите земји – членки, освен на Полска. Главната забелешка кон Туск, сепак, се однесува на времето кога беше полски премиер, затоа што, наводно, не направил доволно за да се расветли падот на државниот авион на полската влада во кој загина и тогашниот претседател Лех Качински, брат близнак на сегашниот лидер на владејачката Партија на редот и правдата, Јарослав Качински.

Полска дури и официјално поднесе кандидатура за Јацек Сариуш Волски за нов претседател на Европскиот совет.

Очекувањата се дека земјата ќе стави вето на реизборот на Туск на функцијата.(Крај)

 извор:МИА   фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest