thekillersexit

The Killers ќе настапуваат на EXIT

Нови Сад, 8. март 2017 (ИНПРЕС) – Еден од најголемите бендови на нашето време The Killers, ќе настапи во среда, 5-ти јули, на таканаречениот „нулти ден“ на овогодишниот Exit.

Ова ќе биде новиот Get EXITed, специјалниот настан во чии рамки и Роби Вилијамс пред две години приреди вистински спектакл пред повеќе од 33.000 луѓе на Ушче. „Еден од најголемите бендови на векот“, „Најголемиот американски рок бенд“, „Најдобриот голем бенд на светот“, се само дел од цитатите за The Killers што ги напишаа светските медиуми како што се NME, MTV, VICE и бројни други.

Сопствениците на четири Бр.1 албуми и добитници на дури девет престижни награди за најдобар светски рок бенд, на Петроварадинската тврдина доаѓаат во рамки на ексклузивната турнеја на која ќе настапат во вкупно десетина земји меѓу кои се С.А.Д., Велика Британија, Шпанија и Србија. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest