Tamara-angelovska

Тамара Ангеловска ја препеа „Те сакам“ од Лара Фабиан на француски јазик

Скопје, 9. март 2017 (ИНПРЕС) – Талентираната македонска пејачка Тамара Ангеловска повторно приреди изненадување за јавноста и за 8-ми март, денот на жената, таа ја промовираше својата најнова преработка на песната „Je t’aime“ или „Те сакам“ од белгиската пејачка Лара Фабиан.

Станува збор за нова преработка повторно од мега популарен артист како Лара Фабиан која важи за најдобар женски вокал во Белгија, неполн месец откако Тамара одлучи да го освојува албанскиот пазар со евровизискиот хит „Сус“ на Рона Нишлиу, за што самата Рона кажа дека тоа е најмоќната верзија на песната што некогаш ја слушнала.

Преработката за песната „Je t’aime“ или „Те сакам“, Ангеловска ја направи со својот веќе проверен тим. Музичкиот дел е дело на Иле Спасев, додека режијата и самото снимање на видеозаписот му ги препушти повторно на Џулиани и неговата „Џубокс Видео“ продукција. За нејзиниот изглед и овој пат се погрижија стилистите од бутикот „Голден Гарден“ од Велес кои за Ангеловска избраа прекрасен фустан од новата колекција.

– Полека ја подготвувам мојата трета студиска песна која повторно ќе биде со светски призвук, додека што се однесува за преработките на песните, со мојот проверен тим веќе работиме на следната, еве можам да откријам, следната ќе биде на руски јазик. Станува збор за една прекрасна песна и автори кои се уште е рано да ги откријам, вели Ангеловска. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest