aerodrom berlin

Вработените на аеродромите во Берлин на штрајк

Берлин, 10. март 2017 (ИНПРЕС) – Стотици летови во Берлин се откажани поради штрајк на вработените на аеродромите.

Причината е спор околу платите. Од синдикатот соопштија дека 2000 аеродромски службеници стапија во штрајк кој според најавите ќе трае до утре до 5 часот наутро.

На Тегел, главниот аеродором во Берлин се откажани 455 летови, додека на аеродромот Шенефелд откажани се 204 летови, пренесува агенцијата ДПА.

извор: Макфакс  фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest