stripkonkurs

Објавен јавниот конкурс за интернационалниот стрип натпревар

Велес, 10. март 2017 (ИНПРЕС) – Стрип центар на Македонија со седиште во Велес го објави јавниот конкурс за интернационалниот стрип натпревар, којшто се организира во склоп на 15-тиот (јубилеен) Интернационален стрип салон „Велес 2017“.

Интернационалниот стрип салон во Велес , другите интернационални проекти но и издавачки активности на СЦМ -Велес, имаат клучно влијание за стимулирање на македонската стрип сцена.

– На стрип конкурсот во 2015 година беа пристигнати дотогаш рекордни 228 дела од 42 земји ширум светот. Додека во 2016 г тој број уште повеке се зголеми и изнесуваше 254 пристигнати дела од сите континенти Споредбено со други сродни активности, посебно од регионот, тоа претставува солидна цифра бидејки овој салон е наменет само за стрип. Освен квантитетот на добиени стрипови од странство интензивно се зголемува и интересот мегу македонската стрип сцена. Постојано се појавуваат нови имиња коишто го бараат своето место под „македонското стрип небо“. Посебно се зголемува соработката со училиштата и културни асоцијации од сите средини на Македонија, информираат од Стрип салонот, изјави ване Трајков –извршен директор на македонскиот стрип центар.

Крајниот рок за поднесување на стрипови е 20-ти септември 2017 година.

Повеќе информации, освен за овој конкурс и за други активности од македонската стрип сцена може да се најдат на веб страницата www.comicscenter.mk. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest