makedonijasaem berlin

Македонија се претставува на најголемиот саем за туризам во Берлин

Скопје/Берлин, 11. март 2017 (ИНПРЕС) – Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и оваа година се промовира Македонија на најголемиот саем за туризам во Берлин, „ITB”.

Акцентот на промотивните активности се става на активен туризам, но и културните и природните туристички знаменитости на Македонија. За време на саемот се одржуваат многу активности, но голем фокус е даден на претстојната конференција на Пацифик-Азиската Туристичка Асоцијација „PATA”.

Оваа година има посебно голем интерес од приватниот сектор за учество на „ITB” и на штандот на Македонија својата понуда ја изложија македонските туроператори, Бадем тур, Вардар експрес, Фибула, Глобус травел, Бтб турс, Буши ресорт и спа и Гобалканс.

Тоа што заслужува внимание е потпишување на меморандум за соработка меѓи JICA (Japanese international cooperation agency) и Македонија, којашто заедно со останатите балкански земји како Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе го промовираат балканскиот регион во Јапонија. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest