soobrakajkaopsta

Три лица загинаа, едно повредено во тешка сообраќајка кај Гевгелија

Гевгелија, 11. март 2017 (ИНПРЕС) – Вчера попладне на регионалниот пат Гевгелија-Богданци, во близина на месноста „Шарен мост“, се случила сообраќајна незгода.

Едно возило било управувано од Б.Џ. (20) од Богданци, додека друго возило било управувано од Љ.П. (40) од Кавадарци. Во незгодата, од здобиените повреди, на место починале К.П.Ѓ. (17) и М.Ш. (20), двајцата од Богданци. Возачот Б.Џ. бил пренесен во Јавната здравствена установа-Гевгелија каде починал. Возачот Љ.П. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Јавна здравствена установа Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од полициската станица Гевгелија. Телата на починатите се дадени во Институтот за Судска медицина за обдукција. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest