gavatosneg2

Слаб снег на премините Буково и Ѓавато

Ресен, 13. март 2017 (ИНПРЕС) – Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Слаб снег провејува на планинскиот премин Буково- Ѓавато и Крушево.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest