makedonija-japonija

Јапонија со 368.626 евра ќе помогне за реализација на шест нови проекти во Македонија

Скопје, 13. март 2017 (ИНПРЕС) – Македонија ќе инкасира 368.626 евра, како грант од Јапонската амбасада за реализација на шест нови проекти.

Проектите се финансирани од програмата „Грант помош за поддршка на мали проекти”, основана од Владата на Јапонија.

Јапонската помош предвидува да се спроведе рехабилитација на ОУ „Свети Климент Охридски“ во село Драслајца, Општина Струга за што се проектирани 63.676 евра, рехабилитација на ОУ „Вук Караџиќ“ во Општина Куманово со 67.830 евра, опремување на Пелагонискиот плански регион со механизација за превенција од поплави за што се доделуваат 69.360 евра.

Предвидено е и опремување на Унверзитетската клиника за гастроентерохепатологија со медицинска апаратура за што се проектирани 69.388 евра, опремување на Противпожарната единица во Општина Велес со ново противпожарно возило за што се обезбедени 60.442 евра и опремување на Општата Болница Охрид со амбулантно возило за што се планирани 37.930 евра.

извор: МИА   фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest