kniga

Издавачката куќа „Феникс“ објави две нови книги од кинески автор

Скопје, 13. март 2017 (ИНПРЕС) – Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје, која годинава прославува 25 години од своето постоење, во својата богата ризница деновиве ги додаде и двете нови книги од кинескиот автор Јиди Мајиа.

Станува збор за делата „Во име на земјата и животот“ и „Зборови на огнот“.

Книгите ги преведоа Хуанг Шаозенг, Денис Маир, Жарко Милениќ и Павлина Тасева, а Јиди Мајиа е популарен и познат современ кинески писател.

Книгите ќе бидат промовирани на Саемот за книга во април во Скопје. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest