hrvatska zname

Хрватска ќе треба да плати отштета за усташките злосторства во Втората светска војна

Загреб, 13. март 2017 (ИНПРЕС) – Хрватска ќе треба да им плати 3,5 милијарди долари на Србите, Ромите и Евреите кои претрпеле штета од страна на усташкиот режим за време на Втората светска војна.

Лицата наследници и роднини на жртвите, во мај лани покренале постапка пред Окружниот суд во Чикаго, САД.

Притоа, надоместокот не се однесува само на штета во врска со конфискуваниот имот, туку и на нематеријалната штета која ја претрпиле жртвите во усташките логори.

Министерството за надворешни работи за хрватскиот весник „Вечерњи лист” потврди дека тужбата е дојдена преку Амбасадата на САД.

извор: Макфакс  фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest