ekonomijamakger

Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија со учество на Бизнис Форум во Италија

Трст, 14. март 2017 (ИНПРЕС) – Во јули во Трст, Италија ќе се одржи Бизнис Форум за претпријатија и организации заинтересирани за активно учество во предстојните проекти од енергетика, енергетска ефикасност и инфраструктура во земјите на Западен Балкан, а иницирани од т.н. Берлински Процес.

Европската унија преку Програмата за регионална енергетска ефикасност и Фондот за зелен раст им додели нови 50 милиони евра за финансирање на енергетски проекти на земјите од Западен Балкан – согласно со зададените цели од т.н. Берлински процес.

Финансирањето е потпишано и од Европската Банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и Германскиот банкарски концерн KFW.

Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија подготви платформа за учество на претстојниот Бизнис Форум согласно стандардите за учество: референтни, високо квалитетни и ЕУ сертифицирани партнери.

Групациите во Комората: „Национален Конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој“ и „Германскиот Технички Клуб“ за најавените проектни активности во Западен Балкан извршија консултации на работниот состанок за време на годишниот настан „Македонски ден за енергетска ефикасност 2017“ на 3 Март. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest