cetkarJava Jazz Festival

На концертот на Четкар во Тајланд гостуваа познати џез музичари

Банкок, 15. март 2017 (ИНПРЕС) – Деновиве, светски признатиот џез музичар, Владимир Василевски Четкар се наоѓа во Тајланд.

Четкар настапи во Банкок на чиј концерт гостуваше саксофонистот Кох ‘Мистер Саксман’ кој е еден од најпознатите џез музичари во Тајланд и Југоисточна Азија.

Покрај настапите Четкар во Тајланд снимаше и емисија за националната телевизија Брајт ТВ ( Bright TV ) која ќе се емитува на почетокот на април. Емисијата ја водат популарните Тајландски шоумени, Синчерон Бродерс и е посветена за музиката на Четкар и за животот во Македонија и Њујорк.

Пред да дојде во Тајланд, Четкар со својот септет настапи во Џакарта, Индонезија на еден од најголемите џез фестивали во светот, Џава Џез фестивал. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest