ujp

Денес во УЈП може да се поднесува Годишна даночна пријава до 20 часот

Скопје, 15. март 2017 (ИНПРЕС) – Со цел граѓаните да можат да ја поднесат даночната пријава во законскиот рок, сите даночни канцеларии на Управата за Јавни Приходи за прием на Годишните даночни пријави денеска ќе работат со продолжено работно време до 20:00 часот.

Денеска истекува рокот за поднесување на Годишната даночна пријава за поднесување на персонален данок на доход за приходите остварени во изминатата 2016 година.

Пријавите можат да се поднесат и преку пошта или преку е-Даноци за регистраираните корисници на електронските даночни услуги. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest