han-1

Состанок за Западен Балкан во Сараево

Сараево, 16. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Сараево се одржува состанок на премиерите на земјите од Западен Балкан.

Целта на самитот е приближување на овие земји кон Европската Унија и разговор за регионалните проекти кои се однесуваат на транспортната и енергетската инфраструктура, како и соработката во областа на младите и образованието. Учеството на самитот го потврдија премиерите на Македонија, Србија, Црна Гора и Косово.

На состанокот треба да учествува и еврокомесарот Јоханес Хан, како и претставник на Италија, земја домаќин на самитот на земјите од Западен Балкан што во јули годинава ќе се одржи во Трст. (Крај)

извор: Р.С.Европа фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest