teatar

Нов Меѓународен театарски фестивал „Белазора“

Свети Николе, 16. март 2017 (ИНПРЕС) – По повод 27 март – Светскиот ден на театарот, во Свети Николе ќе започне нов Меѓународен театарски фестивал „Белазора“.

Иницијатор и организатор на фестивалот „Белазора“ е Институтот за култура и уметност при Меѓународниот Славјански универзитет “Гаврило Романович – Державин“ од Свети Николе.

Фестивалот е замислен и ќе се реализира како театар во куфер, односно мобилен театар, а ќе започне на 28 март и ќе трае до 5 април оваа година.

Ќе настапат: Народниот театар од Врање со претставата „Женски разговори“ од Душко Радовиќ, Народниот театар од Штип со претставата „Љубовен маратон“ од Нил Сајмон, Народен театар – Охрид со претставата „Дениција“ од Петре М. Андреевски и студентите од класата на актерот и професор Мето Јовановски при Универзитотот ЕФТА од Скопје.

Годинава, претставите ќе се изведуваат во Свети Николе и Штип.

Директор на фестивалот е Христо Петрески, а селектор е Трајче Кацаров. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest