Memorijal-Metodi-Venovski-Meto

Ќе се одржи 16-ти Меморијален Атлетски Крос „Методи Веновски – Мето“

Скопје, 16. март 2017 (ИНПРЕС) – На 19-ти март со почеток во 10.00 часот Атлетскиот Клуб „Работнички” ќе го организира 16-от Меморијален атлетски крос „Методи Веновски – Мето“, во чест на сеќавање на еден од најдобрите атлетски тренери и спортски работници во Македонија.

Мето животот го загуби во сообраќајна несреќа во 2000 година кога со репрезентацијата на Македонија патуваше на Балканското првенство во сала во Атина.

На програмата ќе бидат неколку трки, меѓу кои трки за деца и двете меморијални трки.

Место на одржување на крос трката е Кеј на реката Вардар. Пријавувањето е до утре, 17 март преку веб страната на клубот www.akrabotnicki.com.

Право на учество има секој што сака да трча, не мора да е член на атлетски клуб. Котизација не се плаќа. Првите 3 места во секоја дисциплина ќе бидат наградени со медали и дипломи. Во меморијалната трка покрај преодниот пехар ќе бидат доделени и парични награди. (Крај)

извор: Инпрес фото: Екипа.мк

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest