platisopoezija

По трет пат во Македонија ќе се организира настанот „Плати со поезија“

Скопје, 16. март 2017 (ИНПРЕС) – Трета година по ред Македонија повторно е дел од глобалниот настан „Плати со поезија“.

По повод Светскиот ден на поезијата, Јулиус Мајнл неминовно и овој пат ќе се потруди да го разбуди поетот во секого, во вкупно 36 држави и во над 1.400 кафетерии низ целиот свет.

Овогодишната еуфорија освен во Скопје, се проширува и во Велес, каде настанот ќе се одбележи на дури девет локации. „Плати со поезија“ има за цел да го поттикне поетскиот дух кај сите, кога секоја година на ист датум се подарува уникатна можност испиеното кафе или чај да се плати со поезија – извор и валута на најуникатните човекови емоции.

За време на „Плати со поезија“, љубителите на уникатни ароми на кафе и чај, во Нола Бар, Наргиле Кафе, Ревија, Дион, Backyard, Juice Bar, Венето, Баду Бар во Скопје и во Чао Кафе во Велес, ќе ја имаат можноста да се дружат со македонски поети и да ги преточат своите емоции на парче хартија. Познатите автори кои се вклучени како главни поддржувачи на овој настан, и оваа година ќе бидат во потрага по најкреативните неоткриени “поети” кои ќе ги очекува несекојдневно и пријатно изненадување. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest