humanitarnozadecadaunovsindrom

Хуманитарна трка за деца со Даунов Синдром

Скопје, 16. март 2017 (ИНПРЕС) – По повод светскиот ден на лицата со Даунов Синдром во организација на Мечувалечки Клуб Ескрим ќе се организира третата по ред Хуманитарна трка за деца со Даунов Синдром.

Трката ќе биде во сабота, 18-ти март во 11.00 часот во Градски парк, пред Школка.

Трката е отворена за сите хумани граѓани, но ќе учествуваат и децата со Даунов синдром и нивните семејства. Со овој настан се цели кон подигање на свеста за овие прекрасни личности, да се поттикнат и останатите спортски клубови да ги отворат вратите за децата со Даунов синдром, да ги вклучат во спортот и да им се обезбеди еднаков пристап до него како и за редовните деца.

Се покануваат сите да се приклучат на оваа трка. Заинтересираните можат да се пријават на http://www.smartrace.club/ или 30 минути пред почетокот на самата трка. Средствата собрани од овој настан ќе бидат наменети за едногодишно бесплатно спортување на децата. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest