apelpomos-640x360

Донација од Амбасадите на Германија и Австрија за лицата кои минатата година ги зафатија поплавите

Скопје, 16. март 2017 (ИНПРЕС) – Црвениот крст на Република Македонија поради настанатите поплави кои го зафатија Скопскиот и Тетовскиот регион на 6 август минатата година, имплементираше повеќе хуманитарни активности за поддршка на загрозеното население и брзо опоравување на заедницата.

Покрај интервенциите за укажување на прва помош, преку поттикнување на населението како и партнерските организации се спроведоа голем број на акции за расчистување, парични средства, донации на храна, хигиенски продукти, облека, едукации на населението за справување со катастрофи, активности за зајакнување на капацитетите на заедницата итн.

Со поддршка на Германскиот Црвен крст обезбедена е поддршка која содржи по еден лаптоп компјутер, еден ЛЦД проектор и едно платно за проектирање за 6 основни училишта во поплавениот регион.

На 20-ти март, понеделник, во 11:00 часот во Скопски саем – Бизнис сала, ќе се одржи настан на кој официјално ќе се додели донацијата во присуство на претставници од Амбасадата на Германија и Амбасадата на Австрија, кои се долгорочни партнери во обезбедувањето на поддршка за ранливите групи на население. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest