zena kancelarija depresija

Здрави продукти кои “ќе се справат” со пролетниот замор

Охрид, 16. март 2017 (ИНПРЕС) – Пролетта ни е на прагот, би рекле и временски и календарски. Ова е годишното време во кое се буди природата.

Но, ова по се изгледа како да не важи за луѓето. Се почето во овој период од годината повеќето се жалат дека брзо се заморуваат, им бега концентрацијата и им се спие во текот на денот.

Лекарите ова му го препишуваат на пролетниот замор. Истиот се јавува како последица на тоа што сме биле долго време без доволна сончева светлина и енергија, а тоа влијае на намаленото лачење на некои супстанции во организмот, како што е серотонин, материја одговорна за расположението.

Во ваква состојба речиси сите посегнуваат по шолја кафе или други кофеински производи.
Ние во продолжение ви нудиме неколку совети како да го победите пролетниот замор на природен и здрав начин.

– Прво и основно правило, редовно земајте витамин Ц за да го ублажите пролетниот замор. Тој се појавува токму поради недостиг на овој витамин, а влијание имаат и променливите временски услови на кои организмот тешко се привикнува.

– Секое овошје е поволно за враќањето на вашата енергија, но тука бананата се чини нема конкуренција. Богата е со калиум, магнезиум и витамини Б, па е совршен избор за ужина на сите кои сакаат успешно да се изборат со заморот.

– Цимет, во чај, колач или вино, сеедно, важно да го консумирате. Делува благотворно со својот мирис, ќе ви го закрепне целиот организам и ќе ви ја подобри концентрацијата.

– Темната чоколада (онаа со висок удел на какао) ја подобрува функцијата на мозкот. Кога се чувствувате изморено, направете си топло чоколадо со малку цимет и ванила и моментално ќе ви се подобри расположението.

– Железото е многу важно, со оглед на тоа што е снабдувач на телото на кислород и така создава енергија. Говедското месо е одличен извор на железо, па доколку можете барем три пати вметнете го на вашето мени.

извор: Утрински весник  фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest