Poland-airport

Полска ќе добие нов аеродром

Варшава, 17. март 2017 (ИНПРЕС) – Полска ќе добие нов аеродром.

Тамошните власти усвоиле план за изградба на нов аеродром надвор од главниот град, кој треба да биде изграден меѓу Варшава и Лоѓ.

Се предвидува дека истиот може да стане центар за авиосообраќајот на централна и источна Европа.

Полскиот министер за развој и финансии Матеуш Моравјецки во изјава истакна дека со проектот е предвидено аеродромот да може да пружи услуга за до 50 милиони патници годишно,што е четири пати поголема бројка од прометот на патниците во главниот аеродром во Варшава.

Според плановите аеродромот би требало да биде отворен во 2027/2028 година. (Крај)

извор: МИА  фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest