izbori srbija

11 кандидати во трка за прв човек на Србија

Белград, 17. март 2017 (ИНПРЕС) – Државната изборна комисија на Србија потврди 11 кандидати за претседателските избори, закажани за 2 април.

Во претседателската трка за наследник на Томислав Николиќ ќе се натпреваруваат Александар Вучиќ, како кандидат на владејачката Српска напредна партија, Саша Јанковиќ кој е кандидат на „За Србија без страв“, лидерот на Српската радикална партија, Војислав Шешељ, кандидатот на групата граѓани „Мораме подобро“, Вук Јеремиќ, претставникот на движењето „Двери“, Бошко Обрадовиќ, претседателот на движењето „Доста беше“, Саша Радуловиќ, и кандидатот на Демократска партија на Србија, Александар Поповиќ.

Во трката за прв човек на земјата влегуваат и претседателот на општина Чајетина, Милан Стаматовиќ, кандидатот на „Народното слободарско движење“ Мирослав Паровиќ, претседателот на Лигата на социјалдемократите на Војводина, Ненад Чанак, како и кандидатот на група граѓани „Бели – Само јако“, Лука Максимовиќ, кој е познат како Љубиша Прелетачевиќ – Бели.

Доколку во првиот круг никој не освои мнозинство, вториот ќе се одржи на 16 април.

извор: МИА   фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest