incidentfrancija

Едно лице убиено при инцидент на аеродромот Орли во Париз

Париз, 18. март 2017 (ИНПРЕС) – Еден човек е убиен откако зграбил пиштол на полицаец на аеродромот Орли во Париз, соопштија француските власти.

Човекот го зел оружјето и трчајќи влегол во продавница, пред да биде застрелан од безбедносните сили, објави АФП, цитирајќи го Министерството за внатрешни работи. Никој друг не бил повреден во инцидентот.

Аеродромот, втор по големина во Париз, бил евакуиран. (Крај)

извор: Слободна Европа фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest