divonaselje

Продолжи судењето за „Диво Насеље”

Скопје, 18. март 2017 (ИНПРЕС) – Вчера под силно полициско обезбедување продолжи судењето за „Диво Насеље”.

Во текот на рочиштето имаше опомени од судијката до обвинетите и адвокатите, а целото рочиште заврши со навреди од обвинетиот Валдет Зекај кон овластената судска преведувачка од албански на македонски јазик која згрешила презиме. На преводот почнаа да реагираат обвинетите, а обвинетиот Валдет Зекај стана и се обратил: „Преведувај како што треба, а не како што ти кажеле да преведуваш.“

Насуф Бекири пред Судот рече дека во Македонија бил повикан за голема Албанија, а не за Охридскиот рамковен договор, признавајќи дека учествувал во нападот на полициската станица и во Дивата населба. Пред Судот кажа дека слушнал пукотници и излегол во дворот и, како што кажа, почнало да се војува.

Во немирите загинаа осум припадници на специјалните полициски единици, а имаше 37 повредени. По борбите на полицијата ѝ се предадоа 28 терористи. (Крај)

извор: Пресс24 фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest