katastar

Катастарот со проект за идна централна база за сите населени места

Скопје, 18. март 2017 (ИНПРЕС) – Агенцијата за катастар на недвижности потпиша договор за подготовка на податоци и развој на апликации за теренско прибирање адресни податоци во функција на изготвување на нов Адресен регистар на Македонија.

Катастарот во наредниот период ќе работи на овој проект. Станува збор за идна централна база за сите населени места, која ќе биде изработена во согласност со европските стандарди. За проектот се алоцирани 113.000 евра и е предвидено истиот за четири пилот-општини да биде завршен до крајот на 2017 година.

Врз основа на реализираниот проект, општините во следната фаза ќе треба да направат нумерирање и обележување на утврдените адреси на терен. При имплементацијата на адресниот регистар, благодарејќи на МАТРА-проектот финансиран од Кралството Холандија, Агенцијата ќе има експертска и техничка поддршка од стручни лица од холандскиот катастар. Адресниот регистар во иднина ќе содржи просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви и ќе биде поврзан со Регистарот на просторни единици. (Крај)

извор: Катастар фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest