policija6

Едно лице повредено во сообраќајка на патот Кочани-Штип

Кочани/Штип, 18. март 2017 (ИНПРЕС) – Ноќеска на магистралниот пат Кочани-Штип, се случила сообраќајна незгода во која С.А. (27) од Неготино, управувајќи ПМВ „Сеад Ибица“со неготински регистерски ознаки изгубил контрола над возилото и се превртел.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.С. (20) од с.Стромош. На повредената ѝ била укажаната лекарска помош и била задржана на понатамошно лекување. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest