policija28

Повеќе лица пукале со оружје кон куќа во Арачиново

Скопје, 18. март 2017 (ИНПРЕС) – Синоќа 20-годишниот Г.Н., жител на Арачиново, пријавил дека три непознати лица дошле пред неговата куќа.

Лицата почнале да тропаат на вратата. Едниот од нив, вооружен со пиштол, влегол во дворот и испукал два куршума во воздух. Г.Н. Го затекнал непознатото лице, кое што во раката држело пиштол вперен кон куќата.

Набргу по настанот, Г.Н. излегол од дома и движејќи се пеш околу 19,00 часот, го забележал истото возило како повторно поминува пред неговата куќа. Некој од сторителите испукал во воздух уште неколку куршуми.

Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Скопје, а од лице место подигнати се три чаури. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest