Vizija 1

Рок бендот Визија објави спот за песната „Гласно!“

Скопје, 20. март 2017 (ИНПРЕС) – Скопскиот алтернативен рок бенд Визија објави спот за песната „Гласно!“, од истоимениот албум кој во декември минатата година беше концертно промовиран во Младинскиот културен центар.

Автор на видео записот е гитаристот на бендот – Марко Џамбазоски.
Бендот Визија постои 5 години, а во него членуваат Марко Џамбазоски, соло гитара и придружен вокал, Марко Гапо, вокал и ритам-гитара, Лилјана Јанкова, бас-гитара и придружен вокал и Синиша Ѓорѓевиќ, тапани. Бендот има настапено на дел од поголемите балкански фестивали како што се Заечарската гитаријада, Таксират, Јелен Демофест, Лејк Фест, Миксер и други. За „Визија“ се пишува и надвор од Балканот – бендот доби одлични критики од американската радио станица „WMBR” и од британскиот музички веб сајт „Emerging Indie Bands” кој на листата на најдобри 90 нови бендови во Светот за 2014 година, ја рангира „Визија“ на високото седмо место.

Во наредните денови Визија ќе реализира мала турнеја низ регионот – „Гласно!“ ќе биде промовиран со жива свирка во повеќе градови. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest