prolet

Денес во 11:20 часот започнува пролетта

Скопје, 20. март 2017 (ИНПРЕС) – Денес во 11 часот и 20 минути на северната хемисфера, календарски започнува пролетта.

Пролетната рамнодневница носи речиси идентично времетраење на денот и ноќта.

Денес е понеделник, 20 март 2017 година, 79-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:32, а ќе зајде во 17:49 часот. Денот ќе трае 12 часа и 17 минути.

Од денес ќе настапи период на пролетни временски услови, претежно сончево и релативно топло време за овој период од годината, само во крајните западни и североисточни предели имаме појава на локална облачност. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest