kapacitetilicaposebnipotrebi

Промоција на шест кампањи под слоганот „За сечие добро” наменети за лицата со посебни потреби

Скопје, 20. март 2017 (ИНПРЕС) – Во периодот од ноември 2015 до мај 2017 година, Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп го имплементираат проектот „Градење на капацитети на организации за помош на лицата со посебни потреби во Република Македонија“.

Целта на проектот е да се промовираат и да се зајакнат партнерствата помеѓу различни организации, јавни институции и приватниот сектор, со цел градење на капацитети за подобрување на социјалните услуги, мрежите, местата за работа и учење на оваа група на граѓани. Проектните активности целат кон зголемено и олеснето исполнување и уживање на човековите права на лицата со инвалидност, за што потребно да се зголеми и биде поефикасно нивното учество во општеството преку дијалог и акција меѓу приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор.

Во рамките на проектот се реализираат низа на активности за реализација на поставените цели, како што се истражувања, анализи, презентации, тематски дебати на кои беа вклучени и самите лица со посебни потреби, родителите, претставници од јавните институции (МТСП, МОН, МЗ), граѓанските организации, на кои се дискутираше за: вработување на лица со посебни потреби, образовен процес на лица со посебни потреби, социјални услуги за лица со посебни потреби и здравствена заштита на лица со посебни потреби во Република Македонија.

До крајот на овој месец, како што најавуваат од здруженијата, се очекува и промоција на шест кампањи под слоганот „За сечие добро” кои ќе опфатат работилници и поделба на промотивно-едукативни материјали. Кампањите ќе бидат посветени на шест теми за кои е очигледна потребата од заедничко дејствување на сите општествени страни, како што се: Архитектонските бариери до јавните установи, Здравствена заштита на лица со посебни потреби, Со лична асистенција до полесно и подобро функционирање, Работни места за лицата со посебни потреби во Македонија, Да создадеме можности за сите да учиме под еднакви услови и Дневни центри на локално и национално ниво. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest