kniga3

Тројца македонски поети учесници на „Борина недела“

Врање, 20. март 2017 (ИНПРЕС) – Македонските поети Христо Петрески, Јордан Ѓорчев и Трајче Кацаров, ќе бидат учесници на педесеттата манифестација Борина недела, која традиционално се одржува во Врање (Србија) – родното место на знаменитиот писател Борисав Станковиќ.

Во слава и чест на познатиот автор на Коштана, Нечиста крв и други познати и значајни дела, од 23 – 29 март, Врање по 50-ти пат ќе биде домаќин на голем број истакнати писатели од Србија и странство.

Годинешната манифестација Борина недела слави три јубилеи: 50 години на манифестацијата, 140 години од раѓањето на Борисав Станковиќ и 25 години од востановувањето на Борина награда. А, честа да учествуваат и настапат македонските поети ќе ја имаат на самото свечено отворање кое ќе започне со претставување на современата српска и македонска поезија, односно со настап на српски и македонски поети. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest