Missing image

Истражувањето на Марс нова цел на НАСА

Вашингтон, 22. март 2017 (ИНПРЕС) – Претседателот на САД, Доналд Трамп стави параф на предлог законот за финансирање на Американската вселенска агенција НАСА.

Со ова ќе се овозможи испраќање на летало и човечка мисија на Марс до 2030 година.

Според предлогот, за годинава на НАСА и е одобрен буџет од 19,5 милијарди долари. Законот предвидува и развој на капсулата Орион, со која луѓето би оделе на подалечени патувања во Вселената.

Неодамна пак, Трамп поднесе предлог во Конгресот за следната 2018 година на Американската вселенска агенција да и бидат одобрени 19,1 милијарда долари.

извор: МИА   фото: архива