diabet-2

Здружението на дијабетичари ќе информира за програмските активности за тековната 2017 година

Скопје, 24. март 2017 (ИНПРЕС) – Во понеделник, 27 март, во ЕУ Инфо-Центарот со почеток во 14:00 часот, Сојузот на Здруженија на дијабетичари на Македонија, ќе одржи прес- конференција.

Предвидена е и куса презентација на новите програмски активности за тековната 2017 година и приоритетите на кои активно ќе работиме во наредниот период. На прес-конференцијата се поканети Министерот за здравство, Членовите на Националната Комисија за Дијабетес и лекарската фела од областа на дијабетологијата.

По завршувањето на излагањето на претседателот на Сојузот, Бојан Киров, предвидена е дебата со присутните. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest