Missing image

Албанија ќе добие енергетски парк на ветерници

Тирана, 28. март 2017 (ИНПРЕС) – Во близина на градот Тепелена, на југот од Албанија, ќе се гради првиот енегетски парк на ветерници.

Ова ќе биде првпат во Албанија да се користи обновлив извор за производство на енергија.

Предвидено е паркот да има шест кули со висина од 80 до 92 метри, дијаметар 100 метри и со инсталирана моќност од 12 мегавати. Проектот ќе чини околу 13 милиони евра.

Инаку, инвеститор е приватна албанска компанија, која од владата веќе има добиено авторизација за поврзување во мрежата на секторот за пренос, како и право на сопственост над земјштето каде ќе ги гради ветернците.

Авторизацијата за еолитскиот парк е 25 години, а компанијата е обврзана два отсто од произведената електрична енергија да и ја даде на државата.

По добивањето на дозволата за градба, проектот ќе биде заокружен за седум месеци. (Крај)

извор: МИА   фото: архива