policija28

Лица од Албанија вршеле нелегална сеча кај изворите на Свети Наум

Охрид, 29. март 2017 (ИНПРЕС) – Вчера околу 17.00 часот, во близина на изворот Свети Наум кај месноста „Војтино“, полициски службеници од полициската служба за граничен надзор „Св.Наум“ и Шумската Полиција, забележале две непознати лица кои вршат кривично дело „кражба на дрва“ со моторна пила и два коњи за товарање на дрвата.

Едно од лицата било фатено и лишено од слобода, додека другото лице побегнало. Моторната пила, коњите и околу два кубни метри дрва се обезбедени и фотографирани од екипи на Крим-техника од СВР Охрид.

Приведеното лице е 49-годишниот Х.К. од селото Аларуп, Поградец, Р. Албанија. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest