aerodrom_zagreb_640x360

Почна со работа новиот терминал на аеродромот „Фрањо Туѓман“

Загреб, 29. март 2017 (ИНПРЕС) – Стартуваше со работа новиот терминал на загрепскиот аеродром „Фрањо Туѓман“.

Неговите услуги први ги искористија патниците на релацијата Загреб – Дубровник на националната авиокомпанија „Кроација ерлајнс“.

Францускиот конзорциум, што ја презеде концесијата за аеродромот, соопшти дека се направени 36 илјади тестирање пред терминалот да биде отворен.

Се протега на површина од 65.000 квадратни метри на четири ката. Има препознатлив брановиден покрив, 30 шалтери за чекирање, девет премини за безбедносна проверка на патниците и осум покриени моста за директен влез на патници во авионите.

Аеродромот „Фрањо Туѓман“ во првата фаза ќе има капацитет да прими и испрати 5 милиони патници годишно, со можност овој број да се зголеми на 8 милиони.

Терминалот се градеше три години, се заврши во предвидениот рок, а чинеше 300 милиони евра. (Крај)

извор: МИА   фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest