turkish-airlines-a330_640x360

Бесплатен Wi-Fi во авионите на „Туркиш ерлајнс“ што летаат за САД

Истанбул, 30. март 2017 (ИНПРЕС) – На патниците кои ќе патуваат за САД со авионите на „Туркиш ерлајнс“ ќе им се нуди бесплатен Wi-Fi.

Ваквата одлука ќе почне да важи од утре.

Како што пишува весникот „Хуриет дејли њуз“, ова ќе се однесува на патниците кои поседуваат електронски уреди поголеми од мобилните телефони, односно оние кои на вработените ќе им предадат лаптоп компјутери и таблети.

Турскиот национален авиопревозник презеде бројни мерки се со цел да се избегнат потенцијални загуби поради забранта, што е воведена од САД и Велика Британија, за превоз на големи електрични уреди во кабините на авионите. (Крај)

извор: МИА   фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest