master_card_640x360

Си присвоил 137.000 денари од туѓа платежна картичка

Кичево, 30. март 2017 (ИНПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.М.(29) од кичевското село Грешница.

Пријавениот, во текот на октомври, ноември и декември 2016 година со намера да стекне со противправна имотна корист, во 11 наврати неовластено навлегол во електронски систем на Мастер кард во сопственост на Е.Џ. од Кичево.

На тој начин предизвикал невистинит резултат при електронската обработка и преносот на податоците, по што извршил трансфер на парични средства во износ од 137.000 денари кои противправно ги присвоил. (Крај)

извор:СВР Охрид  фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest