glecer_640x360

Според Путин, климатските промени не се предизвикани од човечка активност

Москва, 31. март 2017 (ИНПРЕС) – Веќе со децении наназад има топење на глечерите, но човештвото не е предизвикувач на глобалното затоплување.

Ова меѓу другото го истакна рускиот претседател Владимир Путин, на Арктичкиот самит кои се одржува во Архангелск. Путин при посетата на архипелагот Земјата на Фрањо Јосиф, во арктичкиот круг, истакна дека глобалното затоплување почна во 30-тите години од минатиот век.

Russian President Vladimir Putin and Prime Minister Dmitry Medvedev visit the cave of Arctic Pilots Glacier in Alexandra Land in remote Arctic islands of Franz Josef Land, Russia March 29, 2017. Sputnik/Alexei Druzhinin/Kremlin via REUTERS ATTENTION EDITORS - THIS IMAGE WAS PROVIDED BY A THIRD PARTY. EDITORIAL USE ONLY.

Во тоа време сѐ уште немаше антрополошки фактор како што е емисијата на штетни гасови.

Рускиот претседател потенцираше дека е невозможно да се спречи глобалното затоплување кое би можело да е поврзано со глобалната промена на циклусот на планетата Земја. Но, прашањето е нашето прилагодување кон овој процес. (Крај)

извор: МИА    фото: архива/russia today

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest