p-8_poseidon_hotspot_bg_960x410_mobile_640x360

Пет нови авиони „посејдон” за норвешката флота

Осло, 31. март 2017 (ИНПРЕС) – Ќе се подновува норвешката авио флота.

Со одлука на владата, Норвешка нарача пет патролни авиони од типот „посејдон” од американско производство. Тие ќе бидат од корист во контролата на активностите на руските подморници на Северното Море.

Во соопштенирто од Министерство за одбрана се наведува дека новата безбедносна состојба бара и подобар пристап.

Норвешките и поморските простори на соседните земји се од стратешко значење и веројатно ќе биде така и во наредните години.(Крај)

извор: Плусинфо  фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest