JEREMIE HEITZ, OBERGABELHORN, SWITZERLAND CREDIT: TERO REPO / LA LISTE

Филм посветен на екстремното скијање – „ LA LISTE“

Скопје, 3. април 2017 (ИНПРЕС) – Премиерата на филмот LA LISTE: Редефинирање на екстремното скијање, ќе се одржи утре во кино ФРОСИНА (Младински Културен Центар) во 20 часот.

Нови граници во скијањето, бруталните и најстрмни алпски падини во листата на младиот скијачки феномен, швајцарецот Jérémie Heitz. Тој се постави пред сопствениот предизвик да ги скија петнаесте најстрмни алпски врвови над 4.000 метри, во само две ски-сезони. За да го реализира тоа, му беа потребни огромна физичката издржливост , ментална сила и брзина. Тој ја постави новата граница во екстремното скијање и фрирајдингот.

Документарен филм во кои се споделени бројни искуства од скијачки легенди, минати и сегашни, кои едногласно коментираат дека Jérémie Heitz е најбрзиот скијач на светот, човекот кој ги постави границите на ски алпинизмот далеку погоре.

Програмата вклучува презентација за турно искуства од Шар Планина на Маја Мухич, Мики Саздовски ќе претстави премиерен фрирајд филм, по што ќе следи и премиерата на филмот LA LISTE: Редефинирање на екстремното скијање. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest