policija28

Кривична пријава за жител на струшко Лабуништа, кој измамил лица за обезбедување чешко државјанство

Струга, 3. април 2017 (ИНПРЕС) – Криминалистичката полиција Струга поднесе кривична пријава против 51-годишниот С.Ќ., жител на селото Лабуништа, кој сторил кривично дело „измама“.

Во текот на јули минатата година, пријавениот со цел за себе да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда три лица со лажно прикажажување на факти и можности дека за одреден паричен надомест може да им обезбеди државјанство за Република Чешка. По ова лицата му исплатиле по 3.500 евра или вкупно 10.500 евра а остатокот од парите се договориле да му бидат исплатени после 120 дена откако ќе им ги обезбеди документите.

По одредено време откако лицата не добиле никакви документи и со пријавеното лицето не можеле да стапат во никав контакт, случајот го пријавиле во полиција. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest