ivo_sanader_640x360

Судот одлучи, четири и пол години затвор за Иво Санадер

Загреб, 7. април 2017 (ИНПРЕС) – По четири години судење, Иво Санадер осуден на 4,5 години затвор.

Поранешниот хрватски премиер се товари во случајот „Планинска“, дека во 2009 година, примил 17 милиони куни (2,28 милиони евра) „провизија“ при купувањето на зграда од страна на Минстерството за регионален развој, со кое раководеше Петар Чобанковиќ.

Според обвинението во случајот „Планинска“ парите отишле на сметка на компанија на Стјепан Фиолиќ, поранешен висок функционер на Хрватската демокаратска заедница (ХДЗ) на Санадер, јавува ХИНА.

Со оглед на тоа дека пресудата е неправосилна, Санадер нема да оди зад решетки додека истата не стане правосилна.

Поранешниот премиер на Хрватска од почетокот на процесот, па се до последното рочиште, ги отфрлаше обвиненијата кои, меѓу другото, беа засновани на признание на Чобанковиќ, кој притоа се спогоди со судот. (Крај)

извор: Инпрес  фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest