kamvillageveligden2017

Велигденски викенд во Трговско забавниот центар KAM Village во Охрид

Охрид, 11. април 2017 (ИНПРЕС) – Велигденскиот викенд носи многу попусти, акции и проверена забава во Трговско забавниот центар KAM Village.

– Од 12-ти до 15-ти овој месец ќе се одржи голема продажна акција на Sport Vision, намалени ќе се цените на пијалоците во „Queens Bar“, а купувачите ќе можат да пазарат и во рамките на Outlet караванот на Sara Fashion кој ќе трае од 12-ти до 19-ти април. Тука е секако и богатата Велигденска акција и понуди во КАМ маркетите, а за сите најмали имаме посебно изненадување. Ќе се организира натпревар во кршење јајца, на која пријател и домаќин на најмладите охриѓанчиња ќе им биде познатиот охридски радио водител и глумец Жанко ЗШ Голабоски. Ќе имаме и хуманитарна продажна изложба на слики нацртани од дечињата од ОУ „Григор Прличев“ и многу изненадувања, најавуваат од Трговско забавниот центар „KAM Village“.

Повелете сите на Велигденскиот викенд во Трговско забавниот центар KAM Village (поранешен „Отекс“). (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest