Jax-Jones

Јax Јones и Alex Adair заедно со Martin Garrix на Skopje Calling 2017

Скопје, 11. април 2017 (ИНПРЕС) – Од „Авалон Продукција“ информираат дека се познати сите детали околу останатите диџеи коишто ќе настапат заедно со Martin Garrix на музичкиот настан ова лето во Скопје.

alex_adair

Шоуто ќе го отвори Alex Adair, млад диџеј од Британија во подем, чии ремикси за брзо време станаа вистински хитови и се вртени по сите светски радиостаници, а пред Martin Garrix ќе настапи во моментов актуелниот диџеј Јax Јones, кој во последниве неколку месеци е многу експониран со песната „You Don`t Know Me“ и кој ќе настапи со 90 минутен сет.

Martingarrixnaskopjecalling

– Досегашната продажба на влезнииците за претстојниот фестивал Skopje Calling 2017 покажува дека на овој настан ќе присуствуваат минимум 20.000 посетители од целиот регион, а влезниците по цени од 1.000 денари (партер), 1.500 денари (фан питТ), 1.500 денари (ВИП) и 2.000 денари (Ултра ВИП), можете да ги набавите преку продажната мрежа на Купи Карти За Сè низ цела Македонија, системот Евентим за регионот и онлајн, додаваат од „Авалон Продукција“. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest