soobrakajkavlmaala

Тешка сообраќајка на улицата „Питу Гули“, загина едно лице

Охрид, 12. април 2017 (ИНПРЕС) – Едно лице загина во тешката сообраќајна незгода што се случи рано утрово на улицата „Питу Гули“ во Охрид.

Возило марка „Форд“, управувано од страна на 26-годишен охриѓанец, удри во дрво во близина на ОУ „Христо Узунов“, при што возачот загина на лице место.

На местото на незгодата интервенираше екипа на охридската противпожарна станица, а увид направи и полицијата. (Крај)

извор: Инпрес фото: Инпрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest