kanada_640x360

Канада ќе ја зајакне безбедноста на летовите

Отава, 12. април 2017 (ИНПРЕС) – Канадските власти ќе ја зајакнат безбедноста на некои летови што доаѓаат од странство.

Тоа нема да подразбира забрана за носење на електронска опрема поголема од телефон во патничките салони, по примерот на САД и Велика Британија.

– Одлучив да применам дополнителни мерки кон некои летови што доаѓаат во Канада од некои аеродроми во странство, за да гарантираме поголема безбедност, изјави министерот за транспорт Марк Гарно.

Американците им доставиле разузнавачките податоци, а по направените сеопфатни анализи, канадските служби за безбедност утврдиле ризик за безбедноста на летовите. (Крај)

извор: МИА   фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest