ohridsuperstarpolufinale2

Објавена снимката од полуфиналето на Ohrid SUPERSTAR (Видео)

Охрид, 12. април 2017 (ИНПРЕС) – Oткако во саботата се емитуваше премиерно на програмата на Регионалната О2 телевизија, на YouTube е достапна снимката од полуфиналето на Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR.

Во неделата се одржа и големото финале, кога од 7-те најдобри кои го обезбедија билетот за финалето, Ирма Гогова стигна до титулата прв охридски SUPERSTAR. Покрај неа, во финалето се натпреваруваа: Емилија Петровска, Андреа Јованоска, Ивана Коскоска и Билјана Буџакоска, како избор на жири комисијата и танцовата група „The Passengers“ и Светлана Вељаноска како избор на публиката.

Погледнете ја во целост снимката од полуфиналето на Ohrid SUPERSTAR. (Крај)

извор: Инпрес фото: Инпрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest